👁️  201

Надоместокот за пристап до мрежа од 200 денари ќе го нема во јануарските сметки за струја, откако граѓаните го добија во декемвриските. Не станува збор за грешка, вели првот човек на Регулаторна, туку за периодот на книжење и отчитување на броилата, кој со прави од 15 декември до 15 ти јануари.

Затоа ЕВН новата давачка ја калкулирале во декемвриските сметки, иако надоместок стапи на сила од 1 јануари. За да се тргнат сомжените дека ЕВН сака да профитира на грбот на граѓаните и од скоро 800 илјади домаќинстава да си наплати дополнителни 2,6 милиони евра, тие пари ќе се пребијат со следната сметка.

Во јануарските сметки, нема да биде тој надоместок. Понатака до крајот на година, ќе си го има надоместокот од 200 денари. РКЕ го прави ова за да ги убедиме сите дека новиот надоместок нема да биде екстра профит за ниту една компанија. Довербата што треба да се гради меѓу потрошувачите и операторот на дистрибутивниот систем, мораме да ја промовираме и зголемување. Во таа насока, во јануарските сметки што граѓаните ќе ги добијат во февруари, ќе го нема надоместокот од 200 денари – рече Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Додека граѓаните на социјалните мрежи се жалат дека декемвриските сметки им биле неколку кратно повисоки од претходните месеци. Бислимовски вели дека само мал дел, односно само 15-тина претстваи стигнале до нив. Апелира граѓаните сами да ги проверуваат и отчитуват броилата.

Значи, уште еднаш апелираме граѓаните да ја искористат можност за самоотчитување. Тоа го имаме воведено пред неколку години.

Таа состојба на броилото која што ќе ја отчита граѓанинот е задолжителна за ЕВН да ја имплементира во нивните сметки, порача Бислимоски.

Домаќинствата, кои добиле високи сметки и се сомневаат дека немаат толку потрошено електрична енергија, прво треба да поднесат приговор до ЕВН. Ако им го одбие, следен орган да поднесат жалба е Регулаторната Комисија за енергетика.