
Македонскиот фудбалски репрезентативец Кире Ристевски го комплетира својот трансфер во првенството на Кипар.
По епизодата во Пјуник, битолчанецот се пресели во таборот на Етникос и ќе игра во Првата лига на Кипар. 32-годишникот се приклучи на новиот клуб и го чека своето деби.
И претходно Ристевски настапуваше на Кипар, за екипата на Аел Лимасол и тоа пред да се пресели во Ерменија претходното лето.