👁️  2189

Вардар го совлада Алкалоид со 28:25 во градската пресметка. Сега, со максимална серија од пет победи од исто толку мечеви, црвено-црните се лидери на табелата.

Алкалоид добро се држеше, нивниот тренер Кире Лазаров во моменти на пад на концентрација и неколку грешки успеа со тајм аут да ги врати играчите во мечот и играта, но на крајот сепак немаа сили да избегнат пораз.

Младиот тим имаше мал пад во второто полувреме кое го збесна тренерот Кирил Лазаров. Легендарниот македонски ракометар буквално полуде на тајм-аут и не бираше зборови со кои им се обрати на неговите пулени.