РК Алкалоид го чека европското полуфинале против Рунар Сандефјорд во Европската ракометна лига на ЕХФ, а судии на мечот ќе му бидат од Кипар..

На првиот дуел во „Автокоманда“ ќе суди кипарска двојка. Тоа се Георгиос Панајидес и Мариос Андреу. Делегат на натпреварот ќе биде Владимир Сокол од Хрватска.

Во реваншот во Сандерфјорд, Алкалоид ќе има италијански судии. Таму е назначена двојката Франческо Симоне и Пјетро Монитиљо, а делегат е Хлинир Леифсон од Исланд.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Рунар се игра во недела од 19:00 часот. Реваншот е на 27 април од 17:00 часот во Норвешка.