Играчите на ПСЖ го одбраа новиот капитен на тимот за следната сезона. Изборот преставуваше нов шок за Килијан Мбапе кој ја доби само улогата на заменик, додека капитен на тимот ќе биде Маркињос.
Во најтесниот избор беа и Преснел Кимпембе, но Бразилецот на крајот доби најмногу гласови. 29-годишниот стопер веќе 10 години е дел од ПСЖ, а претходно играше за Рома и Коринтијанс.
Тренерот Енрике одлучи играчите сами да одлучат кој ќе биде капитен. Мбапе не ја доби довербата поради неговата сага на заминување. Французинот беше пред суспензија, односно беше ставен пред чин да не игра цела сезона, доколку се решеше да замине како слободен идното лето. Но, двете страни на крајот најдоа решение, и Мбапе се врати на тренинзите и на натпреварите во првиот тим на ПСЖ.