Властите во Киев соопштија денеска дека примиле закана за поставени бомби во сите училишта и колеџи во главниот град на Украина, Слична закана иамше минатата недела.


„Киевската полиција повторно прими дојава за закана за бомба во сите училишта и колеџи во Киев“, објави воената управа на Киев на социјалните мрежи, откако во петокот, првиот училишен ден беше нарушен со закани за бомби кои се покажаа лажни. (МИА)