Обидите на руските сили неколку дена да упаднат во стратешки важен град во источна Украина го губат интензитетот, изјавија денеска украински претставници.
Украинските сили одбија 15 руски напади врз Авдеевка од четири правци во изминатите 24 часа, соопшти украинскиот Генералштаб.
„Слабеењето на нападите сугерира дека руските обиди за повторно заземање на Авдеевка се забавуваат, рече началникот на градската администрација Виталиј Барабаш.
Руските сили ги продолжија своите офанзивни операции насочени кон опкружување на Авдеевка…, но тие сè уште не постигнаа дополнителен напредок поради веројатно забавување на руските операции во областа, соопшти анализата на Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон.
Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Васил Небензја, на состанокот на Советот за безбедност во петокот изјави дека ескалацијата на нападите во источна Украина претставува нова фаза во кампањата на Москва. (МИА)