КИЕВ: Русија користи проектили произведени во Северна Кореја

Властите во Киев соопштија дека Русија во нападите врз Украина користи ракети произведени во Северна Кореја.

Портпаролот на украинското обвинителство Дмитро Чубенко изјави дека севернокорејска ракета е една од проектилите што го погодија Харков на 2 јануари.