👁️  12

Меѓународните мировни сили на Косово (КФОР) најавија дека во наредните денови ќе се зголеми движењето на војниците и возилата, поради вообичаената процедура на примопредавање на контингентите.

КФОР во соопштението наведува дека ќе се одржат вежби за тестирање и одржување на оперативните капацитети, со цел да се обезбеди ист степен на обука и подготвеност за сите идни единици на терен.

„Иако овие вежби ќе се изведуваат на начин да се минимизираат нарушувањата и влијанието врз локалното население, можно е да има сообраќаен метеж и видливо движење на војниците“, се вели во соопштението.

Затоа КФОР им препорача на возачите да обрнат посебно внимание доколку се наоѓаат во близина на колона од нивните возила.