Голманот на Челси, Кепа Аризабалага, и официјално е играч на Реал Мадрид, објави шпанскиот клуб.

Двата клуба се договорија за позајмица за шпанскиот репрезентативец без опција за негово откупување. 28-годишниот голман ги помина медицинските прегледи и го потпиша договорот.

Блиску до потпис со голманот на Челзи беше и германскиот шампион Баерн Минхен, но кога Реал го контактираше тој реши да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.