👁️  3232

Вработените во Јавното претпријатие Комуналец од Кавадарци добиле пријатно изненадување по повод новогодишните празници.

На сметките на сите вработени им биле исплатени по околу 517 евра новогодишен надоместок. Како што информираат од ЈП Комуналец Кавадарци, станува збор за 323 вработени лица, а целата сума на новогодишниот надоместок изнесувала 10.243.464 денари, односно над 166.000 евра.

Менаџерскиот тим на ЈП Комуналец Кавадарци, денеска на 323 вработени им исплати новогодишен надоместок во висина од 31.812 денари, или вкупно 10.243.464 денари легнаа на сметките на вработените во претпријатието. ЈП Комуналец на сите вработени и граѓани на Општина Кавадарци им посакува среќна и успешна Нова 2023 година и среќни Божиќни празници – информираат од претпријатието.