👁️  19

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами вели пожарот кој избувна во подрумските простории на општина Тетово бил намерно предизвикан и ова го потврдиле и безбедносните камери. Тој рече дека се работи за лице кое не е државјанин на Македонија. Првите сомнежи се дека тој е државјанин на Косово.

-Дефинитивно се сомневаме дека намерата овде е дека се работи за фантомско лице, односно без документи, кое подолго време се движело во регионот. Се сомничи дека се работи за лице кое е од Косово и нема никакви документи или македонско државјанство. Се сомневаме дека е соодветен профил да се злоупотреби за вакво дело бидејќи се работи и за палење документи кои се од последните избори кои се оштетени – рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

Касами рече „не се работи за изолиран случај туку со предумисла за поголема штета.“

-Значи овде не се работи за изолиран случај туку со предумисла за поголема штета да се создаде забуна во јавност туку и да се создадат предуслови за она што опозицијата подолго време предупредува за создавање меѓуетнички тензии во Тетово. Се сомневам, се сомневам, па со оглед на личноста и неговиот профил, овој човек не може да го направи овој чин и да замине без да остави трага и дека воопшто не е пронајден. Секако, тоа е предупредување за општината, но и другите објекти да ја зголемат безбедноста. Апелирам до сите кои мислат дека со ваквите постапки можат политички да имаат корист, ви порачувам дека општината не е само на една партија туку на сите граѓани на Тетово без разлика и уште помалку политички – додаде тој.