👁️  54

Биљал Касами од студиото на ТВ21 во „Клик Плус“ рече дека еден од Законите кои мора да се промени е тој за централна банка, за банкнотите да бидат на албански јазик.

„Ако ДУИ се гордее што го донесе Законот за јазици и ја унапреди употребата на албанскиот јазик, тогаш еден од Законите кои треба да се смени е Законот за централна банка, за и банкнотите на оваа земја да бидат на албански јазик“, изјави Касами.

„Талат Џафери ги испраќаше документите до пратениците на македонски јазик, Африм Гаши денеска ги испраќа и на албански јазик до сите пратеници. Двојазична комуникација не постоеше во времето на Талат Џафери, а сега ја има во времето на Африм Гаши“, рече лидерот на Беса и тетовски градоначалник Биљал Касами вечерва во гостување на ТВ21.

Тој додаде дека ќе се менуваат и други закони, меѓу кои и Законот за Народната банка, а со измените, според него, ќе се овозможи употреба на албанскиот јазик на банкнотите.