👁️  12

Аргентински Индепендиенте го именува Карлос Тевез за нов тренер на екипата. Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Јувентус потпиша договор со 16-кратниот аргентински шампион.

Претходно, во 2022 година Тевез кратко работеше во Росарио Централ.

Минатата сезона, Индепендиенте заврши на 24. позиција од 28 тимови, шест бода од дното. Во новата сезона во првото коло доживеа пораз на домашен терен од Колон (0:1).