👁️  5

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас се пласираше во четвртото коло на Отвореното првенство на САД, откако со 3:1 во сетови го победи Ден Еванс.

Фаворитот мораше да се помачи малку повеќе од што очекуваше затоа што 28-миот на АТП листата успеа да му земе еден сет.

Алкарас ги доби првите два сета со 6:2 и 6:3, но во третиот подобар беше Еванс со 6:4. Младиот Шпанец потоа повторно заигра подобро и во четвртиот сет беше подобар со 6:3 и на тој начин си обезбеди место во следната рунда.