👁️  166

Со цел да не се повреди како пред почетокот на оваа сезона, Карлос Алкарас донесе одлука да не игра на турнирите што му претходат на првиот Гренд слем, Австралија Опен.

Во јануари годинава, тој не настапи во Мелбурн затоа што се повреди непосредно пред почетокот на турнирот, па сега сака да избегне такво сценарио.

Освен што ќе има можност да освои 2.000 бода и дефинитивно да го симне Ѓоковиќ од врвот, Алкарас ќе се бори за својот трет Гренд слем трофеј и со тоа да ја отвори новата година,

„Би сакал следната сезона да играм на сите четири Гренд слема, се надевам дека нема да пропуштам ниеден. Ќе се обидам да го правам истото како о оваа година, но би бил посреќен ако ги освојам истите турнири“, изјави Алкарас.