👁️  12

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона губеше со 2-0 до 81 минута, но потоа актуелниот шампион имаше фуриозна завршница во која Левандовски (2) и Кансело го свртеа резултатот за 3-2 и славје на „Монжуик“.

Кансело кој претходно запиша и асистенција беше стрелец на тој последен гол кој донесе доста емоции, но Португалецот по средбата призна дека не бил на посакуваниот ритам, форма на ова соочување.

-Бев изгубен во играта. Направив многу технички грешки кои не се нормални во мојата игра. Морав да се подобрам и да ги свртам работите. Се обидов да дадам се до крајот и успеавме да се вратиме и да победиме што е најважно. Ако играм добро, клубот ќе ме сака, ако не ќе ме исфрлат, -порача Жоао за „Мундо Депортиво“.