Канадските власти соопштија во понеделникот дека имаат веродостојни информации коишто наводно поврзуваат агенти на индиската влада со убистовото на канадската заедница на Сиките во покраината Британска Колумбија во јуни годинава, и објави дека потерала висок дипломат и функционер на индиската разузнавачка служба.
Премиерот Џастин Трудо изјави дека секоја вмешаноста н странска влада во убиство на канадски државјанин е „неприфатливо кршење на суверенитетот“ на земјата,
Хардип Сингх Нижар е убиен од огнено оружје на 18-ти јуни пред сикиски храм во Сари, во Британска Колумбија. Нижар заговарал форамирање на татковина на Сиките, во форма на независна држава Калистани, а Индија го сметаше за терорист.
„Канадските безбедносни служби активно ги истражуваат веродостојните обвинувања за потенцијална поврзаност на агенти на индиската влада и убиството на канадскиот државјанин Хардип Сингх Нижар“, изјави Трудо во итното обраќање во Долниот дом на парламентот.
„Канада им ја изрази својата длабока загриженост на највисоките разузнавачки и безбедностни фунцкионери на индиската влада. Минатата седмица на (самитот) на Г20 (во Њу Делхи) лични и директно му ги пренесов на премиерот (на Индија, Нардендра) Моди“, додаде Трудо.
Минатата седмица официјален Њу Делхи соопшти дека премиерот Моди на својот канадски колега по должност Трудо ми ја пренел длабоката загриженоста поради протестите во Канада против Индија.
Канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли изјави за новинарите дека Отава го протерала шефот на разузнавачката служба во Канада, но не изнесе дополнителни поединости.
Жоли нагласи дека Отава „нема да толерира никакво мешање во нејзините работи“. Министерката за надворешни работи додаде дека очекува „целосна соработка“ од Њу Делхи по ова прашање.
Во Канада живее најголемата популација на Сики надвор од нивната родна територија сега сојузната држава Пенџаб во Индија. Во Канада, особено последните седмици се одржаа бројни протести коишто го разгневија Њу Делхи.