Во атарот на селото Викиќи во близина на босанскиот град Бихаќ, неколкумина овчари претепале постар колега со дрвени вили. Како што пишува босанскиот портал Црна-хроника претепаниот рекол дека бил нападнат од „вандали“.
Бев нападнат од Мемо Кескиќ и неговите синови“, изјавил нападнатиот.
„Нека види народот како тепаа старец со стапови и тоа болно, како што можете да видите на видеото“, рече тој.
Како што додаде, го нападнале поради имот кој го имал добиено под закуп, а луѓето кои го претепале, сакале насилно да му го одземат.
На видеото објавено на социјалните мрежи, се гледа како две групи, од една страна напаѓачите, а од друга страна еден човек кој е на страната на претепаниот овчар, со себе носат ножеви.