👁️  19

Кога ќе умре кралот Чарлс, принцот Вилијам ќе помине низ комплицирана процедура, а нема дилема за името кое ќе го носи.

Иако сè уште уживаме во спомените од крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила во британските медиуми, често можете да прочитате разни интересни работи за промените кои ќе следат кога принцот Вилијам ќе дојде на тронот.

На една британска телевизија беше откриен разговор за идното владеење на принцот од Велс и името што ќе го избере кога ќе стане крал.

Новинарот Рој Ника, единствениот новинар кој го интервјуирал престолонаследникот откако тој стана принц од Велс, зборуваше за тоа што го дискутирал со принцот Вилијам за време на нивниот разговор. Тој открил дека принцот Вилијам е многу одлучен да го задржи своето име Вилијам и по крунисувањето.

„Тој дефинитивно ќе биде Вилијам (V). Кога го лансираше Earthshot, тој беше војводата од Кембриџ, но себеси се нарекуваше принц Вилијам. И затоа сака да биде познат како принцот Вилијам, бидејќи и Американците го знаат и го сакаат како принцот Вилијам, тие го сакаат над сите други јавни личности, според една неодамнешна анкета“, рече тој.

Рој објасни каков крал мисли дека ќе биде најстариот син на Чарлс: „Тој ќе биде многу радикален монарх. Монархијата многу брзо ќе изгледа поинаку. Тој ќе се промени многу“.

Се шпекулира дека многу работи ќе се променат откако кралот Чарлс ќе си замине од тронот, но едно е сигурно, Вилијам ќе го задржи своето име, бидејќи тоа е како бренд, по кој е препознаен и обожаван од луѓето ширум светот.