👁️  7901

Приведен е 28-годишен битолчанец во чиј дом се пронајдени пушки, пиштол и куршуми.

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Ј.Н. При претресот во неговиот дом во битолското село Мусинци, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и околу 250 куршуми од различен калибар.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава