Данската ракометна репрезентација како апсолутни фаворити ја победи напата селекција и запишаа победа од 37:30.

Македонските ракометари не потфрлија во офанзивен план и успеаја да постигнат дури 30 гола, но сепак немаа решение за супер-брзата игра на Данците, стил кој е препознатлив за скандинавците.


Данска уште во раната фаза јасно стави до знаење дека планира да ја оправда фаворитската улога и на полувреме замина со 18:12, предност која успеа да ја чува во вторите 30 минути и покрај тоа што Македонија во неколку наврати дојде до минус три.

На крајот, конечниот резултат гласи 37:30, па сега македонските кадети се насочат кон следниот ривал и борбата за третото место во групата, селекцијата на Австрија.