👁️  411

Јувентус доби казна во јануари 2023 за вештачко зголемување на вредноста на нивните трансфери за да го зголемат капиталот на клубот, по што следуваше драстичниот пад на табелата. За жалбата требаше да има одлука денеска, и по три часа сослушување стана јасно дека Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) нема да да поднесе контра-жалба. Според „Скај спорт Италија“, одлуката ќе биде потврдена утре со тоа што ќе се направи дополнителна истрага.

Со враќањето на поените, Јувентус ќе скокне на третото место на табелата со 59 поени.

Првично 11-те клуба и 59-те официјални лица кои беа обвинети од ФИГЦ (вклучувајќи ги и Наполи, Сампдорија, Џенова, Емполи, Парма, Пиза, Пескара, Новара, Киево и Про Верчели) беа ослободени од обвиненијата нa 15 април, бидејќи е невозможно да се одреди „вистинската“ цена на еден играч.

Но, по дополнителните докази, вклучувајќи прислушкувани телефонски разговори на Фабио Паратичи и Маурицио Аривабене, ФИГЦ ја смени одлуката само за Јувентус. Целиот борд на Јуве поднесе оставка, но обвинителот на ФИГЦ бараше казна од 9 поени, која потоа беше големена на 15 поени, а беа доделени суспензии за Андреа Ањели, Аривабене, Паратичи и Павел Недвед.