Социјалната платформа за преноси во живо „Твич“ го забрани каналот на јутјуберка која имала сексуални односи додека вршела ренос „во живо“.

Профилот „kimmikka_“ е ограничена веднаш по емитувањето на кое можеше да се види како јутјуберката има секс во живо. Иако таа не го прикажува сексуалниот чин во кадар, деликатниот момент може да се забележи на одразот на стаклото во позадина. Освен тоа, нејзиниот партнер се појавува во краток момент зад нејзиниот грб.

Ова не е првпат платформата да брише кориснички сметки кои споделуваат некаков вид сексуална содржина или содржина што не е дозволена од различни причини. Стримувачите се „казнети“ за прикажување содржина што ги прекршила правилата на компанијата „Амазон“, која е сопственик на сервисот „Твич“.