
Челниците на германската фудбалска федерација разговарале со поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман за да ја преземе репрезентацијата и да го замени Ханс Флик.
Германија остана без селектор, откако Флик доби отказ после слабите резултати на пријателските натпревари, а особено после поразот од Јапонија (1:4).
Нагелсман е без ангажман откако изненадувачки беше сменет во март оваа година од кормилото на Баерн Минхен. кој во минатото беше прв тренер на Лајпциг и Хофенхајм.
Германските медиуми потсетуваат дека Нагелсман веќе работел со поголемиот дел од германските играчи и дека тој е идеално решени да ја води Германија на престојното ЕП во кое тие ќе бидат домаќини.