ЈП КОМУНАЛЕЦ ОРГАНИЗИРА ГОЛЕМАТА ПРОЛЕТНА АКЦИЈА -„СИТЕ ЗА ПОЧИСТА И ПОЗЕЛЕНА БИТОЛА“

Првата акција за засадување на нови садници на територијата на Општина Битола ќе се одржи на 22 март во Брусничка населба а ќе започне во 11.00 часот.

Согласно Програмата на ЈП Комуналец Битола акцијата ќе продолжи и наредните денови, а предвидено е засадување на 2000 садници.

Ги повикуваме сите општествено одговорни компании, правни и физички лица, да се вклучат во акцијата. Учеството може да се пријави на телефонскиот број 075282294 или на komunalecbt@komunalecbt.com.mk.