👁️  19

Македонскиот тренер на клупата на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ не го криеше незадоволството од убедливиот пораз.

„Честитки за победата на противникот, му посакувам среќа и успех во понатамошните натпревари во ЛШ. Лошо го отворивме натпреварот, имавме голема желба и бевме борбени, но не реализиравме многу зицери. Затоа сметам дека не заслуживме пораз од девет разлика. Овој натпревар треба да биде поука за понатаму и големо искуство. Екипата е речиси нова, и затоа ни треба време. Ова не се алиби за поразот, туку тоа е реалност“, рече Јовиќ.

Пелистер во второто коло во Лигата на шампионите гостува кај Алборг, а претходно на 17 овој месец го игра големото дерби во домашниот шампионат против Вардар.