Јован Манев стана стандарден дел од листите на селекторот Благоја Милевски, а фудбалерот кој е дел од македонскиот строј денеска си договори трансфер во Хрватска.

Македонскиот стопер е фудбалер на турска Адана и има договор со овој клуб, но до крајот на сезоната ќе игра во најсилната фудбалска лига во Хрватска за составот на Осијек.