Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Битола, Марко Јосифовски потврди дека е донесена одлука после 6 години да биде поставен споменикот на Александар Турунџиев на улица Прилепска во Битола.
На вчерашната 17та седница на Советот на Општина Битола, со 13 гласа ЗА се изгласа Одлуката за продолжување на активностите за реализација на основен проект за употреба и одржување на коловоз на крстосницата на ул. Прилепска со ул. Батаљон Стив Наумов (кружен тек кај ветеринарна станица).
Тоа значи дека после шест години, споменикот на Александар Турунџев ќе биде поставен таму каде што му е местото.
Со тоа ќе му оддадеме почит на животот и делото на Александар Турунџев и никогаш нема да дозволиме да се заборави неговата пожртвуваност и младелашка бунтовност, за правдина и за своја независна држава, порача советникот во општина Битола, Марко Јосифовски.