👁️  229

Советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Марко јосифовски се обрати од говорницата во општина Битола и соопшти дека кварталниот извештај покажува реализација од 65,69% на проектите кои се предвидени од локалната самоуправа.

Можам слободно да кажам дека целосно се реконструирани улиците:

Ул. 7ми Јули
Ул. Наум наумовски борче
Ул. 28ма
Ул. Македонска фаланга
Ул. Стара чешма
Уличен крак во с.Логоварди
Ул. Брегалничка
Ул. Штипска
Ул. Бранислав нушиќ
Ул. Христо Узунов
Ул. Солунска
Ул. Вера циривири трена
Ул. Асном
Ул. Струшка и сутјеска
Влезот на с.Дихово
Ул.Цане Василев
Ул.Довлеџик
Патот за Брусник ќе биде готов до крајот на ноември,
Ул. Булевар 1ви Мај за недела до две , но она што е важно е дека се во завршна фаза и во најскоро време ќе бидат реализирани.

Во делот на приходите имаме 70% реализација на даночните приходи, а сите знаеме дека тие се услов општината од идната година да добива поголема дотација од ДДВ.

Во делот на расходите имаме реализација од околу 65% кај капиталните расходи или сето тоа изразено во цифри: од планираните 409 милиони, реализирани се 265 милиони денари.

Континуирано општината се грижи и за одржување на зелените површини и јавната хигиена преку комуналното претпријатие Комуналец и можам да кажам дека споредбено со минатите години разликата е евидентна.

Исто така, паралелно, се грижиме за спортот кој има 90% реализација и за културата која има реализација од 68% од предвидените средства за програма.

Во спортот, бевме сведоци на наследени долгови во ФК Пелистер и КК Пелистер кои оваа локална самоуправа мора да ги подмири, а истовремено треба да се грижиме фудбалскиот и кошаркарскиот клуб да функционираат нормално и можам да кажам дека полека стигнуваме на посакуваното ниво.

Исто така ја помогнавме изградбата на Копанки со 3.8 милиони денари. Изградбата на Копанки има големо значење за граѓаните на општина Битола, посебно во престојната скијачка сезона.

Имавме многу богато културно лето и голем број културни настани кои привлекоа голема посетеност и мислам дека во идните квартали и години кога ќе дојде ред да се анализираат остварувањата, Разликата со минатите години ќе биде уште поевидентна.

Морам да ја споменам ситуацијата со струјата и тоа дека се соочуваме со високи сметки за струја кои за една година изнесуваат колку еден мандат на претходната градоначалничка што претставува уште една препрека која оваа локална самоуправа ја менаџира одлично.

Со пренамената на средства и со алоцирање на средствата во програмата за економски развој се обезбедуваат средства за изготвување на проекти за фотоволтаици над објектите во сопственост на општина Битола. Тука станува збор за градинки, училишта итн. што на долг рок ќе важи за одличен проект и ќе генерираме големи заштеди пред се на електрична енергија.

Имаме проекти за коловоз во
Село Егри, село Лажец, с.Оптичари, коловоз на Ул.Стив Наумов, коловоз на Булевар 1ви Мај од Црн Мост до Ул. Столарска, 11 улици во Горно Оризари, 11 улици во Долно Оризари, Ул.Зборска, Ул.Донка Ушлинова, Ул.Никола Тесла итн. Обезбедено е одобрение за реконструкција на група улици кај Недопирливи.

Обезбедено е одобрение за улица Индустриска, коловоз во село Раштани, одобрение за изградба на паркинг на улица Цане Василев, постапка за јавна набавка за проектирање на улицата 150та и 210та , проектирање за реконструкција на кров на сала во село Бистрица, во тек е постапка за јавна набавка за проектирање на урбанистички проект за инфраструктура и основни проекти за Ул.8ми Септември (влез од Прилеп), проектирање на енергетски проекти на фасадите на ОУ Даме Груев (ново и старо училиште).

Исто така е обезбедено одобрение за реконструкција на Боксерскиот клуб и многу други проекти, порача советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јосифовски.