ЈКП Водовод Битола ќе работи на отстранување на дефект на ул. Бурса во текот на утрешниот ден

Почитувани, ве известуваме дека во текот на утрешниот ден 31.01.2023 (вторник), поради дефект на ПВЦ Ф-315 на ул. Бурса (кај Чкрепа Транс), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. 16-та (кај Макабо)
до пресекот од ул.Бурса до Новачки Пат.

Прекинот ќе трае од 08:15 часот до завршување со санацијата на дефектот, стои во соопштението на ЈКП Водовод Битола.