(ФБ статус на Јанко Илковски)
Шега на страна, го памтам и дождот/невремето Стајковци, но ова вчера беше нешто ново, а имам долга километража.
И тогаш и вчера бев во двор. Не дека нешто необично ама ме замисли.
Прво настана чудна штама, ни пиле ни шум, се уште ведро па почна да грми, ама јас таква грмотевица не сум слушнал, чуден звук, како во сала да беше, хала, во затворен простор, како некоја симулација. Многу, многу неприродно започна невремето, барем по звукот.
Како да беше од звучник, без оние субсонични вибрации, суво парањње на простор, иако кога е блиску и ги нема толку, но некако како да беа од оние звуци кога Тесла со намотките негови правеше демонстрација на светот.
Уште ми е во глава и повторувам, не сум по теориите на заговор, но ова беше како ништо досега што не сум доживеал.