„Се радувате на бременоста на девојчето на кое му бил испран мозокот кога имало само 14 години“ – стои во критиките упатени до братот на српската пејачка Теодора Џехверовиќ, Сава, кому му замеруваат затоа што ја завел 15 години помладата сопруга кога таа била ученичка, а тој професор во истото училиште
Братот на познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ, Сава денес е во брак со инфлуенсерката Адријана Кадар и неодамна приредија забава за отркивање на полот на бебето на која присуствуваа нивните најблиски.
Секако, голем број нивни следбеници упатија честитки, но има и такви што го критикуваат Сава и не ја оправдуваат неговата врска со Адријана.
Тие мораа да потсетат дека братот на пејачката ја почнал врската со неговата сопруга кога тој имал 29 години, а таа била малолетно девојче.
„Преслатко, само што се радувате на бременоста на девојчето на кое му бил испран мозокот и коешто на оваа фотографија имало само 14 години, а тој 29.
Таа денес има само 21 годинa, а мозокот се развива до 25 години, значи има уште 4 години додека додека да созрее. За тоа, пак, како тој скокаше од радост затоа што ќе добие девојче не сакам ниту да говорам“ – стои во еден од твитовите.