Настанот младата прилепчанка го пријавила вчера во ОВР Прилеп.
Прилепчанка едвај извлекла глава завчера откако нејзиниот вонбрачен сопруг и уште едно лици насилно ја внеле во возило и ја тепале со тврд предмет.
Настанот младата прилепчанка го пријавила вчера во ОВР Прилеп.
Според информацијата на полицијата таа рекла дека околу 17 часот завчера нејзиниот вонбрачен сопруг М.А. насилно ја внел во патничко моторно возило „голф“, по што тој и Д.А. физички ја нападнале, а употребиле и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.