👁️  68

Мета на израелските воздушни напади денеска беа аеродромите во главниот град на Сирија, Дамаск и Алепо на север, јави сириската државна телевизија.

Ова се први напади врз Сирија од почетокот на војната предизвикана од нападите на палестинскиот Хамас врз Израел во саботата, во кои загинаа илјадници луѓе.

За време на граѓанската војна во Сирија, Израел изврши стотици воздушни напади на сириска територија од 2011 година. Целите на тие израелски напади беа главно сили поддржани од Иран и либански Хезболах.

Аеродромите во Дамаск и Алепо потоа беа погодени неколку пати и не можеа да работат.

Израел, соседот на Сирија, ретко зборува за напади на сириска територија, но сака да го спречи Иран да се зацврсти на својата граница.