Шеесет и шестгодишен жител на тетовско село, вчера (6 септември) во 18 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 8 часот и 20 минути на неговиот син телефонски му се јавило лице, наводно сопственик на струмичка фирма и му нарачало повеќе градежни материјали.

По извесно време тој ги натоварил материјалите на камион и ги испратил кон Струмица, но биле истоварени во скопско, а купувачот на материјалите му рекол дека тој ги платил на друго лице кое во меѓувреме дошло на неговиот плац, по што му станало јасно дека бил измамен.