👁️  5

Во пожар изгоре помошен објект во село Црник. Пожарот избувнал денес напладне, а во неговото гаснење учествувале пожарникари од Пехчево и Берово.

-Пожарот во село Црник е пријавен околу 12 часот. Во истиот изгоре плевна, а причинета е материјална штета со изгорено сено и алат информираа од Доброволното противпожарно друштво од Пехчево.

Во интервенцијата имале помош од колеги од Територијалната противпожарна единица од Берово со кои заеднички за краток период успеале да ја изгасната огнената стихија, не дозволувајки истиот да се прошири во блиското опкружување.