Александар Ивановски доби нов четиригодишен мандат како претседател на Македонската тениска федерација (МТФ). На Изборното Собрание, меѓу другото, беше одлучено и Управниот одбор од девет да биде зголемен на единаесет членови.

Ивановски и во претходните четири години беше прв човек на тениската федерација, сега со продолжување на активностите што ги реализираше федерацијата во изминативе четири години.