Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски го освои својот втор турнир со награден фонд од 25.000 долари откако триумфираше во Крамасх, Австрија.
Ивановски по освојувањето на турнирот изрази надеж дека следните победи ќе му бидат на уште повисоко ниво, на Челинџер и АТП турнири.
„Благодарност до сите за организацијата на турнирот. Секако и до мојот денешен ривал Жерар, против кого се надевам дека ќе играм и во иднина. Особено што двајцата сме млади и можеби следните мечеви ќе ни бидат на Челинџер или на АТП турнири. Одиграв неверојатен турнир. Имав добри мечеви, а притоа „морав“ да победам и неколку домашни тенисери“, изјави Ивановски при прогласувањето.