Прес-конференција на претседателот на УМС ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА, Мартин Ивановски за непотизам и партиски вработувања.
Господине Димитар Ковачевски прашуваме дали знаете за партиските вработувања во МВР?
Дали со ваш амин пред 24 часа во СВР Битола е вработена сопругата на координаторот на советничкатa група на СДСМ и советник во Советот на општина Битола.
Прашуваме, дали проектот топлификација е само гол политички трик пред избори ?
Прашуваме, господине Ковачевски, зошто толку ги потценувате битолчани и мислите дека сега ви веруваат за топлификација?
Прашуваме дали ќе дадете објаснување и дали ќе побарате одговорност од тие кои не беа способни да реализираат готов проект за топлификација?
Конечно, одговорете господине Ковачевски дали е очигледно дека не сте способни да ги реализирате готовите проекти кои ви ги остави ВМРО ДПМНЕ?
Дали непотизмот, лагите, криминалот и корупцијата остануваат главни одлики на СДС која е во заминување?
Дали овој е патот кон европските вредности, господине Ковачевски?