👁️  12

Најдобро рангираниот македонски тенисер на АТП листата, Калин Ивановски, експресно го заврши настапот на Челинџер 75 турнирот во францускиот град Каси, откако денеска беше поразен со 2-1 во воведното коло од осмиот носител Франциско Гаио од Италија.

Ивановски добро го почна дуелот и поведе со 1-0 препуштајќи му на 31-годишниот Гаио само еден гем во првиот сет.

Во продолжението италијанскиот тенисер направи целосен пресврт и со идентични 6-4 во преостанатите два сета го совлада Ивановски и обезбеди пласман во второто коло на фјучерсот што се игра за награден фонд од 73.000 евра.

Ивановски за следната недела е пријавен на фјучерс турнир во Португалија.