👁️  5

НЕПОТИЗАМ, ВРАБОТУВАЊА САМО НА НАЈБЛИСКИТЕ А ЗА ТОПЛИФИКАЦИЈА ЌЕ ПОЧЕКАМЕ

Господине Димитар Ковачевски прашуваме дали знаете за партиските вработувања во МВР?

Дали со ваш амин пред 24 часа во СВР Битола е вработена сопругата на координаторот на советничкатa група на СДСМ и советник во Советот на општина Битола.

Прашуваме, дали проектот топлификација е само гол политички трик пред избори ?

Прашуваме, господине Ковачевски, зошто толку ги потценувате битолчани и мислите дека сега ви веруваат за топлификација?

Прашуваме дали ќе дадете објаснување и дали ќе побарате одговорност од тие кои не беа способни да реализираат готов проект за топлификација?

Конечно, одговорете господине Ковачевски дали е очигледно дека не сте способни да ги реализирате готовите проекти кои ви ги остави ВМРО ДПМНЕ?

Дали непотизмот, лагите, криминалот и корупцијата остануваат главни одлики на СДС која е во заминување?

Дали овој е патот кон европските вредности, господине Ковачевски?