Горан Иванишевиќ беше среќен по новата победа на Новак Ѓоковиќ на Грен слем турнирите. Хрватскиот стратег, кој четири години е во тимот на Новак, истакнува дека подготовката за финалето со Медведев била добро завршена.
„Беше потребно трпение. Медведев е играч кој игра пет перфектни мечеви и потоа за неколку моменти губи сè. Тактички, Новак работеше горе-долу беспрекорно, освен тој гем кој го загуби на свој сервис во третиот сет. Но, и тој е човек од крв и месо. Брзо се опорави и стигна до победата“, рече Иванишевиќ.
Хрватот ја опиша соработката со Ѓоковиќ на почетокот и сега.
„Не е полесно отколку на почетокот, но се навикнав. Го слушаш, не го слушаш. Ми недостигаше овој УС Опен со него. Имав трофеј со Чилиќ, но не и со Новак. И сега освоив сè со него. Ги имам сите Грен слем турнири, Мастерси, турнири од сериите 500 и 250, фјучерси и челинџери нема да игра, па можам слободно да се откажам“, додаде Иванишевиќ.