Италијанската фудбалска репрезентација ќе биде предводена од нов капитен на претстојното гостување во Скопје и дуелот против Македонија (9 септември), откако новиот селектор Лучијано Спалети реши лентата да му ја довери на Џовани Ди Лоренцо.
„Аѕурите“ доаѓаат со желба да ни се одмаздат за поразот во Палермо со кој ги елиминиравме во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2022 и тоа со нов предводник од клупата, кој со себе ангажира и нови луѓе во стручниот штаб и тоа Марко Доменицини, Даниеле Балдини, Салваторе Русо, Франческо Чинати и Марко Саворани.