👁️  12

Речиси половина од големите компании во Швајцарија веќе станаа жртви на кибер напади, често со големи последици, се вели во студијата објавена денеска.

Во извештајот се посочува дека 45 проценти од компаниите во Швајцарија, кои имаат 250 вработени или повеќе, веќе биле погодени од најмалку еден кибер напад, според најновиот извештај на SwissVR Monitor. Студијата, спроведена од консултантската компанија Deloitte и Универзитетот за применети науки и уметности во Луцерн, помеѓу средината на мај и почетокот на јули, покажа корелација помеѓу големината на компанијата и ризикот од кибер напади.

Врз основа на анкета на 400 членови на одбори и од поголеми, котирани компании и од мали и средни претпријатија (МСП), студијата покажа дека само 18 отсто од фирмите со под 50 вработени се соочиле со сериозен напад. Генерално, истражувањето покажа дека компаниите не се доволно добро подготвени да се соочат со сајбер заканите.

Само 57 отсто од испитаните членови на одборот рекле дека нивните одбори формулирале јасна кибер-стратегија, а само околу една третина добивале редовни извештаи од раководството за најголемите сајбер ризици. Тоа е загрижувачко, бидејќи кибер нападите можат да имаат сериозни последици за работењето на компанијата, при што цели 42 отсто од дотичните компании претрпеле прекин на работата, покажа студијата. (МИА)