👁️  40

Тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ планирал да се ожени со друга жена во средата на 16 август и планирал да замине во Германија да отвори таму теретана, објави денеска Дневник Аваз.

Оваа информација за „Аваз“ неофицијално ја потврдија од полициски кругови. Сулејмановиќ требало да се венча во Брчко, а неговата избраничка е од германски град.

Тој, покажа истрагата, по венчавката планирал да замине во Германија.

Потсетуваме дека во својот крвав поход во петокот ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и уште две лица, рани уште тројца, а потоа се самоуби.