👁️  250

Прес-конференција на потпретседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА, Горан Исков -партиско музикантска неквалификувана дружина го доведе РЕК Битола до колапс.

Прославувате 40 години, а само за четири успеавте да го донесете во колапс Елетростопанство на Македонија и РЕК Битола, итоа поради криминал, корупција и огромното незнаење и нестручност што ги поседувате. Успеавте, воопшто да не направите ниту еден рационален потег и да ја превенирате оваа страшна енергетска криза со која се соочуваме. Успеавте, мајсторски и криминално само да го товарите народот со двојно повисоки сметки за струја, а голем дел од стопанските субјекти да ги донесете до работ на капитулација. Прославувате четириесет години, а се обврзувате дека по четири години ќе го затворите РЕК Битола.

Ова, навистина само вие го можете – несреќно избрана “партиско – музикантска неквалификувана” дружино. А, честитките за четириесетгодишниот јубилеј исклучиво треба да бидат испратени на ваша адреса за “храброста” и “лудоста” да си играте власт и да се нарекувате менаџерски тимови на ЕСМ и РЕК Битола. Нема бегање од вистината според која секој човек, би требало сам најдобро да се познава. Оттаму, не е ни чудно што криете од граѓаните какво погонско гориво користите за работа на блоковите, кој е соодносот на јаглен и мазут, кој го контролира и со каков квалитет е мазутот?

Кажете им на битолчани колку го зголемивте загадувањето со замената на јагленот со мазут. Екоцид – тоа е вашето бандитско “знаење и умеење”.

И еве јубилејно наместо честитка до Вас, самонаречен менаџерски тим, јавно обзнануваме дека ќе поднесеме кривична пријава за безмилосно загадување на животната средина и крајно неодговорното однесување кон човечките животи, порачаа од ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА.