👁️  194

Блокот 1 во РЕК Битола во прекин, прес-конференција на Горан Исков потпретседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА.

Пак стари вести и стари оправдувања за неспособноста и нестручноста. Цитирам:
“Блокот 1 во РЕК Битола во краткотраен планиран прекин, за брзо ќе го вратиме во мрежа. “Завршен цитат. Како ништо да не се случило, како се да е во ред.

Почитувани граѓани не е во ред, гледате сами, слушате, чуствувате на сопствениот грб. Вистинската вест би требало можеби да изгледа вака: “Ние власта од СДС не сме способни да обезбедиме постојано производство на електрична енергија.
И она што го произведуваме е едвај со разни прекини предизвикани од нашата нестручност и неспособност. Признаваме дека ниту еден ден немаме производство на електрична енергија со 100% од инсталираниот капацитет.

Народски кажано „не не бива“. И ако сакаат уште да се и искрени треба дефинитивно гласно да признаат дека се способни само
за крадење, криминал и корупција. А простата логика вели: ако РЕК не произведува доволно струја тогаш остатокот треба да се купи од некаде.

И се купува по астрономски цени. Најчесто тоа се прави од фирми блиски на кланот Заеви, Анѓушев.

А, сите ние почитувани граѓани, сите ја плаќаме сметката за скапата струја.

Ајде да се вратиме на веста:
Ние власта предводена од СДС имавме ваков планиран испад на блок и пред да не посети премиерот по повод 40 годишнината од почетокот со работа на комбинатот. Но за да не се налути го почестивме со сендвич со мортадела и сокче од боровинки. И овде е крајот на веста.

После ова, почитувани од власта очекувам во демантот да им го образложите на граѓаните следното:

  1. Колку чини испад на еден блок (во стотици илјади евра)?
  2. Колку ќе не чини неработењето на блокот (во стотици илјади или во милиони евра)?
  3. Колку не чини увезената струја (во милиони евра) за неработењето на блоковите?

Така треба да изгледа вест од одговорна власт. Вие тоа не сте и треба да си заминете, стои во реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.