👁️  11394

Секој кој што ќе се досели во Германија во било која од германските Бундес Држави псновмо и најпрво што треба да се направи е ПРИЈАВА НА АДРЕСА.

Според параграф § 17 Дел 1 BMG секој граѓанин во Германија задолжително мора да биде пријавен на адреса на живеење. Тоа се прави со закажување термин (во помалите места не е потребно термин) во задолжената Институција најчесто е Општинската зграда или добро позната – Rathaus.

За да може да се пријавите на адреса потребни ви се следните документи:

– важечки пасош- Wonungsgeberbestätigung според параграф §19 BMG

– уредно пополнет од страна на издавачот на стан/ куќа каде што ќе престојувате

– овој закон е стапен во сила пд 2015 година.

Линк до овој документ –ТУКА.

Интернационални изводи за вашите деца, интернационална венчаница – Дополнително може да биде побаран и договорот за изнајмување на вашиот стан/куќа.

Целата процедура за време на терминот трае не повеќе од 15-30 минути. Термините најчесто се добиваат едноставно без дополнителни чекања.

За повеќе вакви информации бидете дел од фејсбук групата: Германија – Амбасада, Работа, Смештај, Документација за сите и Студенти.

Доколку имате термин за виза или ЕУ пасош или сте студент конталтирајте ја агенција Контекст која ви нуди бесплатна помош при целата процедура за пронаоѓање работа, сместување и документација за иселување во Германија.