👁️  54

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата одговорила на, како што го нарече, „агресивниот чин на ционистичкиот режим против иранската амбасада во Дамаск“.

Во соопштението објавено на Телеграм, Министерството наведува дека иранските вооружени сили „го користат вроденото право на самоодбрана пропишано во член 5 од Повелбата на Обединетите нации и како одговор на постојаните воени агресии на ционистичкиот режим и мачеништвото на воените советници на Иран кои работеа во оваа земја [Сирија] на покана на сириската влада“ и особено како одговор на нападот врз конзулатот на Иран во Дамаск претходно овој месец.

„Прибегнувањето кон одбранбените мерки на Исламската Република Иран во остварувањето на правото на самоодбрана го покажува одговорниот пристап на Иран кон регионалниот и меѓународниот мир и безбедност во време кога незаконските и геноцидни акции на ционистичкиот режим на апартхејдот ја повторуваат воена агресија“, стои во текстот, пренесе Си-Ен-Ен.

Во соопштението на министерството се заклучува: „Ако е потребно, Исламската Република Иран нема да се двоуми да преземе повеќе одбранбени мерки за да ги заштити своите легитимни интереси од какви било агресивни воени дејства и незаконска употреба на сила“.

Израел не потврди дека го извршил нападот во Дамаск на 1 април, но ги негираше тврдењата на Иран дека нападнатата зграда е конзулат, велејќи дека станува збор за „воена зграда на силите Кудс“.